Во зависност од тоа какво месо или риба консумираат, граѓаните имаат различно мислење околу цените. За некои, пак, квалитетот е поважен од цената.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2019 0:12

Македонија е држава каде има најевтина храна и безалкохолни пијалaци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Последната анализа на Еуростат, покажува дека Македонија е држава во која има најевтина храна и безалкохолни пијалоци за разлика од останатите европски држави.

Според европската статистика минатата година прехранбените продукти во земјава се продавале за околу 35 проценти поевтино од нивната просечна цена во државите од Европската Унија. Како што беше објавено од Еуростат, во Македонија се најниски цените на млечните производи, овошјето и зеленчукот, како и месото и рибата.

Во зависност од тоа какво месо или риба консумираат, граѓаните имаат различно мислење околу цените. За некои, пак, квалитетот е поважен од цената.

Според анализата во соседните држави има далеку повисоки цени на прехранбените продукти . Освен Македонија, меѓу земјите со најевтина храна и безалкохолни пијалаци се и Романија, Полска и Турција.

Најскапа е храната во Норвешка и Швајцарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.