Од друга страна, во земјите каде што оризот се јаде во мали количини, стапката на прекумерна телесна тежина е многу повисока, според една меѓународна студија која ја анализира исхраната на населението од 136 земји.

Објавил: Весна Петровска | 6 мај, 2019 20:57

Кажете збогум на вишокот килограми, слабеејте со оваа намирница

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Живееме во модерно време каде  изгледот се повеќе е важен за многумина, често луѓето можеме да ги видиме како вежбаат и се грижат за своето тело, но има и такви кои немаат време да вежбаат но и за тие има решение.

Во најновата студија  се вели дека со конзумиерање  ориз може да се спречи дебелината.

Научниците откриле дека стапките на дебелина се најниски во земјите каде што ориз се јаде во големи количини.

Од друга страна, во земјите каде што оризот се јаде во мали количини, стапката на прекумерна телесна тежина е многу повисока, според една меѓународна студија која ја анализира исхраната на населението од 136 земји.

Научниците истакнуваат дека влакната во цели зрна како ориз даваат чувство на ситост и на тој начин го спречуваат прејадувањето.

Истражувачите од Женскиот колеџ за слободна уметност во Кјото, предводени од професорот Томоко Имаи, го водеа истражувањето. Тие анализирале дневно внесување на ориз во грамови по лице, како и внес на калории во 136 земји.

Тие исто така го земаат предвид индексот на телесна маса. “Резултатите покажуваат дека стапката на прекумерна телесна тежина е најниска во земјите каде што луѓето редовно јадат ориз. Според тоа, јапонската или генерално азиската храна базирана на ориз може да помогне да се спречи дебелината”, вели професорот Имаи.

Научниците истакнуваат дека резултатите се исти дури и по разгледување на факторите како што се начинот на живот и социоекономските фактори. Затоа додаваат дека дури и мало зголемување на потрошувачката на ориз може да ја намали стапката на дебелина.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...