Ако се има предвид дека вонредната состојба е завршена и дека Собранието е распуштено, поради што во овој момент не може да се вршат законски измени, јасно е дека некој смислено го одолговлекува решението на овој дологодишен проблем.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јуни, 2020 12:02

Макпетрол: Државата нема храброст за конкретни мерки- предлага сет од три мерки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За жал, долгоочекуваната анализата за екстра лесното гориво го потврди тоа што со години е познато, но и тоа не е доволно за преземање конкретни мерки од страна на државата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Макпетрол.

Почетоците на Макпетрол АД датираат во 1947 година, кога е основано трговското претпријатие за промет со нафта и нафтени деривати Југопетрол-Скопје. Тогашното претпријатие брои 85 вработени и мрежа од неколку бензински станици.Трансформација на Макпетрол од акционерско друштво во мешовита сопственост во трговско друштво во приватна сопственост е во 1995, со што се заокружува процесот кој води кон уште поуспешен раст, развој и подем во нови насоки и нови полиња. Во 1998 година акционерското друштво преоѓа во целосна приватна сопственост, со акции кои котираат на Македонската берза.

„Анализата на Министерството за финансии ги констатира злоупотребите што се прават со екстра лесното гориво со години – големата разлика во малопродажните цени помеѓу дизелот и екстра лесното мотивира одделни субјекти да го продаваат спротивно на постојните закони, односно да го користат како погонско гориво“. Сепак, тоа не е доволно за државата да собере храброст и да преземе конкретни мерки, туку само предлага сет од три мерки.

Ако се има предвид дека вонредната состојба е завршена и дека Собранието е распуштено, поради што во овој момент не може да се вршат законски измени, јасно е дека некој смислено го одолговлекува решението на овој дологодишен проблем.

Ваквата анализа без носење мерки дополнително разочарува и уште еднаш го потврдува сомнежот дека некои луѓе од државните институции одработуваат за оние кои вршат злоупотреби со екстра лесното гориво.Како да се објасни фактот дека државата, од една страна, се задолжува со цел да обезбеди дополнителни средства во буџетот за справување со економската криза, а од друга страна не покажува интерес и решителност, преку регулација на пазарот, да ги наплати даноците кои и следуваат.

За конкретниот проблем покажаа интерес и релевантни меѓународни институции, од причина што нерешавањето на злоупотребите со екстра лесното гориво е во спротивност со европските директиви.

Изедначувањето на акцизата на екстра лесното гориво со дизелот ќе демотивира понатамошни злоупотреби, ќе придонесе за зголемен квалитет на горивото што се користи, а истовремено ќе ја заштити животната средина со промовирање и користење гориво според европските стандарди“, стои во нивното соопштение до јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.