Денеска попладне, на бензинската избувнал пожар, по што се вклучиле алармите на бензинската.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2019 21:56

ВИДЕО: Пожар на бензинската Макпетрол- вработениот сам се бореше со пожарот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото: ЛИДЕР

На бензинската пумпа Макпетрол, лоцирана спроти Соборен храм беше избегната вистинската катастрофа,  пишува ЛИДЕР. 

Пожар на бензинската пумпа Макпетрол

Денеска попладне, на бензинската избувнал пожар, по што се вклучиле алармите на бензинската. За Лидер очевидци раскажуваат дека сите од околината побегнале, дури и вработените, но само еден од нив останал да се бори со пожарот.

Од страна на полицијата беше блокиран пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска.

Херојот на деноткако што пишува ЛИДЕР  е еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол”, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.

За неговиот херојски чин, за “Лидер” раскажуваат граѓаните кои се затекнале во близина.

-Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита. – сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести