Малески го повтори ставот на Вес Мичел, Преспанскиот договор во целост е проект на САД, кој има поддршка од ЕУ и НАТО а обврска од Заев и Ципрас да го имплементираат во целост

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 10:01

Малески потврди, Договорот од Преспа е проект на САД

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако ДУИ побара консензуален кандидат за претседател на Македонија, при што се шпекулира со името на Теута Арифи која веќе шест месеци ја нема во јавноста, за Преспанскиот договор се огласи несудениот кандидат на СДСМ, Денко Малески.

Малески кој беше прв македонски министер за надворешни работи, прилично несмасно, со пофални зборови за Преспанскиот договор, и поволностите кои Македонија но како Северна ќе ги донесе на државата и нејзините граѓани, откри дека ЕУ и НАТО интеграциите согласно спогодбата ни се загарантирани, затоа што тоа е проект на САД.

Малески изјави:

Договорот од Преспа претставува удар за македонскиот и за грчкиот национализам. Со Дговорот ќе успееме со зачленување на Македонија во НАТО зашто е дел од проектот на западот, односно САД, за да не и се дозволи пристап на Русија во нашиот регион. – изјави Малески.

Малески со оваа изјава го повтори ставот на администрацијата на САД, која помошник заменикот државен секретар Вес Мичел на конгресно сослушување изјави дека Преспанскиот договор во целост е проект на САД кој Грција и Македонија имаат обврска да го имплементираат во целост.

За оваа изјава, бурно реагираше грчкото МНР кое побара и веднаш доби демант за изјавата на Мичел.

По посетите и вршењето директен атак врз внатрешната политика на Вес Мичел и Метју Палмер во Македонија за време на референдумот за промена на името и деновиве откако Заев успеа да откупи 2/3 мнозинство за поддршка за уставни измени, прашање е дали Димитров ќе побара појаснување за изјавата на Малески?

Малески “гледа” три вистини за една Република Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.