Малески смета дека за 2001-ва сме виновни ние што не сме ги прогласиле Албанците за втор народ во Македонија 1991-ва година а очекува новини по Договорите со Бугарија и Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 10:33

Малески “гледа” три вистини за една Република Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според Малески македонскиот народ сам е виновен за настаните во 2001-ва година затоа што уште во 1991-ва година не ги прогласи албанскиот етникум за државотворен народ.

Но и појаснува дека по “новата” вистина со Грција со промената на името набрзо ќе следи и треба со имплементирањето на членовите од Договорот со Бугарија каде ние губиме дел од историјата и историските личности кои биле и ќе останат Македонски и Македонци.

“Од независноста во 90-тите години па до денес македонскиот национализам се соочува со две тешки одлуки. Едната беше разрешена со Рамковниот договор кога се исправи практично грешката од 1991 година со донесување на Уставот без согласност на втората по големина етничка заедница отворајќи ја притоа можноста за доминантната нација да го мајоризира малцинството. Таквото поведение не мина без последици и резултираше со конфликтот во 2001 година.” –  вели професорот Денко Малески.

Во текстот насловен “Договорот со Грција – “рамковен договор” за името” Малески вели дека вториот проблем мораше да го апсолвираме на меѓународен план со решавање на проблемот со името со Грција.

“Двата национализми и македонскиот и грчкиот мораше да разберат дека нема една вистина за Македонија туку дека има две вистини – една македонска – една грчка. Како што ќе има и трета вистина со договорот со Бугарија.” – вели Малески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.