Низ дискусијата која се разви на состанокот, прогресот на нашата земја беше потврден од делегатите и изразија верување дека Македонија ќе слушне убава вест на претстојниот јунски Самит.

Објавил: admin@magazin | 15 јуни, 2022 5:31

Маричиќ: Македонија останува на европскиот пат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Низ дискусијата која се разви на состанокот, прогресот на нашата земја беше потврден од делегатите и изразија верување дека Македонија ќе слушне убава вест на претстојниот јунски Самит.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамките на посетата на Брисел одржа брифинг со претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан / проширување (КОВЕБ/КОЕЛА) каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата, за динамика на имплементација на предвидените реформи и посветеноста на Владата во нивна реализација, особено во клучните области на владеење на правото, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На почетокот на состанокот вицепремиерот Маричиќ испрати порака дека овој моментум не смееме да го изгубиме за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Наша стратешка цел останува членството во ЕУ, со целосна посветеност на реформите што ги спроведуваме на тој пат за трансформација на општеството во согласност со стандардите на развиените демократии на ЕУ, за подобар животен стандард за нашите граѓани, што всушност е целта на овој процес и членството во ЕУ”, рече вицепремиерот Маричиќ на брифингот, со барање за валоризација на веќе постигнато во делот на европската реформска агенда.  

На брифингот присуствуваа делегати од сите земји членки на Советот на ЕУ, како и претставници на Генерален директорат за проширување и Европската служба за надворешно дејствување, што е доказ за интересот за македонската европска перспектива, но и доказ за посветеноста на ЕУ на процесот на проширување.

Низ дискусијата која се разви на состанокот, прогресот на нашата земја беше потврден од делегатите и изразија верување дека Македонија ќе слушне убава вест на претстојниот јунски Самит.

Во текот на вчерашниот ден вицепремиерот Маричиќ ќе оствари тет-а-тет средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, а ќе се сретне и со координаторот на Европската Комисија за Македонија, Марк Јорна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.