Тој во интервјуто посочи дека оваа опозициска партија, односно ВМРО- ДПМНЕ, како што вели не е заинтересирана за правда. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2020 10:58

Маричиќ за Дојче Веле: Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ не ја интересира правда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото нова тв

Три години господинот Мицкоски имаше подадена рака за многу законски проекти за реформа на правосудството, вели во интервју за Дојче Веле новиот министер за правда, Бојан Маричиќ.

Маричиќ станува политички активен во 2016 година како претседател на невладината организација Меѓународен центар за европско образование, кога како поддржувач на „Шарената револуција“ зема и учество на голем број на ТВ-дебати на кои се отвораат полемики по кој правец треба да се движи земјата.
Неговата политичка верификација следува во 2017 кога во новата Влада беше назначен за посебен советник за евроатлански интеграции на премиерот Зоран Заев, по што активно се вклучува подоцна и во преговорите за постигнувањето на Преспанскиот договор.
По изготвувањето на Преспанскиот договор и неговото изгласување со двотретинско мнозинство во македонското Собрание, во 2018 започнува скрининг процесот со ЕУ а како главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим, Владата го назначи идниот министер за правда(извор Фактор).

Тој во интервјуто посочи дека оваа опозициска партија, односно ВМРО- ДПМНЕ, како што вели не е заинтересирана за правда. 

„Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ покажа на дело дека за правда не е заинтересирана. Впрочем, парадоксално е оваа структура на ДПМНЕ да бара правда со куп судски процеси. За повиците за правда, имам впечаток дека тропаат на отворена врата: имаше три години господинот Мицкоски подадена рака за многу законски проекти за реформа на правосудството и за донесување правда. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ состави преговарачки тим кој во голема мера содржеше лица со обвиненија, или под истрага на обвинителството, или нивни адвокати, токму со цел да ја спречат правдата и да ги прикријат злоделата од режимот на Груевски. Колкумина од оние што протестираа сѐ уште се обвинети или осудени за корупција? Дали видовме едно дело или збор со кое Мицкоски се огради или дистанцираше од практиките на заробената држава или само верно ги продолжи?”, прашува Маричиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести