Инаку маратонот беше предвидоно да изнесува со должина од 64 километри а целта на Марко беше да го сврти вниманието кон лицата со ретки болести.

Објавил: Весна Петровска | 28 август, 2019 13:54

МАРКО ТИ СИ НАШИОТ ХЕРОЈ: Малиот охриѓанец сепак не се откажува од предизвикот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Охриѓанецот Марко Пејчиновски се откажа за време на новиот предизвик да го преплива триаголникот Охрид – Свети Наум – Струга поради силни болки во ногата.

Но и покрај откажувањето малиот Марко е вистински херој на кого цела Македонија се восхитува. Марко имаше голема поддршка од цела држава воодушевувањето за неговиот подвиг беше на сите социјални мрежи. Корисниците на мрежите со позитивни коментари некои од нив напишаа дека Марко е нивниот херој. Веста за неговиот подвиг беше топ тема на сите медиуми.

Малиот Марко доби поддршка и од лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ кој се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

-Малиот Марко со срце големо како планина. И во темниот простор тој е ѕвездата која свети најсилно. Главата горе ЈУНАКУ, нека Бог ти помага, ти си нашата гордост и инспирација,  напиша на Фејсбук  Мицкоски.

Малиот Марко пливаше речиси 5 часа во знак на поддршка за лицата со ретки болести, а што направивме ние останатите за тие лица? Односно, како ги прифаќаме „ретките“, оние поразличните од нас?

Македонскиот маратонец-рекордер се откажа за време на новиот подвиг по изминати 4 часа и 49 минути пливање и комплетирањето на предизвикот го одложи за во некое друго идно време.

Инаку маратонот беше предвидоно да изнесува со должина од 64 километри а целта на Марко беше да го сврти вниманието кон лицата со ретки болести.

Неговиот успех е уште позначаен ако се знае дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но и покрај тоа, лани го исплива маратонот од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач со таков успех.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.