Спасовски си го оправда поранешниот послушник и вработен во МВР, не прислушкувал сега туку во јануари, пред 9 месеци, и тоа е доволна причина да нема кривична пријава

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 6:17

Марјанче не е виновен, прислушкувал во јануари годинава, не сега

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за внатрешни работи доцна вечерва соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави денеска на интернет.

Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018  година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта, се наведува во соопштението.

По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20:30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.

Патем да се потсетиме и во јануари 2018-та година министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, на власт беа СДСМ и ДУИ а за време на кампањата Марјанче Стојановски за свој претпоставен во полицијата во Демир Хисар го имаше повторно Спасовски.

Впрочем Стојановски никаде не негира дека ги прислушкувал вработените во општинските училишта, чин за кој дали се случил во јануари или вчера, се одговара согласно со казна затвор согласно Кривичниот законик на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести