Во близина на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку жители.

Објавил: Перо Милчин | 5 мај, 2019 17:24

МВР информира за нерегуларности при гласањето: Сликање со мобилен и расфрлани летоци!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи забележани се нерегуларности на неколку места во врска со гласањето на вториот круг од претседателските избори.

Министерството за Внатрешни работи извести за неколку нерегуларности при денешното гласање. Позади основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, надвор од гласачкото место, биле пронајдени 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори. Исто така на улицата „Коста Новаковиќ“ во две згради, од страна на граѓани е пријавено дека има расфрлени летоци со содржина во врска со претседателските избори.

Денеска околу 12,30 часот од Општинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичево е пријавено дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето е повикано во ПС ОН Кичево и е известен јавен обвинител за случајот.

Од страна на заменик претседател на избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во ОУ „Златан Сремац“, на подрачје на полициската станица Кисела Вода, пријавено е дека В.Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор. Од страна на полицијата лицето е задржано во полициска станица.

Во близина на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку жители. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.