Од МВР информираат дека случајот е расчистен за 24 часа и предаден на Обвинителството

Објавил: admin@magazin | 10 јули, 2018 8:45

МВР сè уште го нема уапсено еден од тројцата убијци на Саздовски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Полицијата сè уште трага по еден од тројцата насилници што пред десет дена до смрт го претепаа 21-годишниот Никола.

Од МВР информираат дека случајот е расчистен за 24 часа и предаден на Обвинителството. Но интересно е што во полицискиот билтен прват се спомнува немилиот настан на 02.07, значи три дена подоцна. http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/1174

Во врска со настанот од 29.6.2018, Министерството за внатрешни работи уште еднаш потсетува дека случајот е експресно расчистен, а за тоа соодветно ја информиравме и јавноста. Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. На 29.6.2018 година, околу 17.30 часот, во Скопје, на автобуска постојка на булеварот Александар Македонски, пријавените физички го нападнале Н.С. по што тој бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје. По преземените мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал му е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Никола Саздовски почина денеска во болница. Надлежен јавен обвинител донесе наредба за вршење обдукција за да се утврди од што точно починал. Саздовски беше дел од навивачката група „Комити“, од каде што реагираа зошто напаѓачите се гонат за насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...