Потребна е организација, а не стихијност, потребно е единство, а не раздвоеност;, потребен е план на делување, а не мавање во гради со патриотизам.

Објавил: Македонка Димкин | 25 јуни, 2018 1:40

Методија Анѓелкоски: Сруши го договорот. Ти, Македонецот.

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Како не седнал некој на газот, па да види против кого има работа, па да види како да делува против тоа… Јок. Не. Што требало? Ете, требало со кајчиња да се блокира Преспа, тоа било чарето. Колку убаво, патриотски… Требало Зоран со хеликоптер да отиде и Поликлинико да се исмејува со организаторот на блокадата. Ете, требало ВМРО-ДПМНЕ да повика на протест на кој задолжително има качулки со Nike патики кои после земаат полициски штитови. Тоа било чарето. И од тоа Зоран ќе се преплашел смртно, и така во ужас и страв ќе речел „извинете, згрешив“. Луѓе бре… Дајте да увидиме две три работи:

1. Потребна е организација, а не стихијност; 2. Потребно е единство, а не раздвоеност; 3. Потребен е план на делување, а не мавање во гради со патриотизам.Прво: се идентификуваат слабостите на противникот; второ се гради стратегија; трето се делува согласно со стратегијата.Кои се слабостите на овој предавнички договор?1. Противуставност; 2. Ратификација од страна на Грција (60% гласови се таму потребни); 3. Нема 81 пратеник за уставна промена; 4. Цензус на референдум кој Зоран се обидува да го избегне како услов; a. Одговор доколку има цензус; 5. Нема гаранција дека променетото име ја води Македонија во ЕУ или НАТО, што се главните аргументи на предавството; 6. Договорот не е во согласност со меѓународното право.Каде си ти како обичен човек овде? Јасно ти е дека делувањето се насочува кон наоѓа друг обичен човек, кон партиите, и кон функционерите.

Кон обичниот човек, Граѓанинот…

Треба да се делува кон секој граѓанин. Оставете ножот, заканите, кавгите. Противникот не е наивен и добро знае како да го искористи моментот дека „тој бил жртва“. Секој од нас знае десеттина симпатизери на СДС. Разговарајте со нив. Кажете им – „ако морате да излезете на референдум, барем гласајте против! Ако не морате, одлучете дали е подобро да влијаеме на цензусот или не.“. Дајте им ги аргументите. Без кавги… Кажете им, Бугарија е во ЕУ, Албанија во НАТО. Нека видат како изгледа обично бугарско или албанско село после 10 и кусур години членство. Нека ги видат изјавите на официјалните лица на ЕУ дека најмалку десеттина години нема да има проширување, па макар и Марс да се викаме. Нека видат дека емиграцијата во послабо развиените земји на ЕУ е поголема откако кога не беа членови на ЕУ. Вашата цел е тројца да убедите од тие десет. Ако можете повеќе, подобро. Дајте им ги вашите аргументи. Кажете им дека цената за „можниот комфор“ кој би ти следел како „европски граѓани“ ќе биде везена со страв да кажеш дека си Македонец. И не влегувајте во дуели. Само ќе ги налутите. За тие што ви контрираат, српската „јебеш будалу“ и одете на следниот. Јас имам список од, верувале или не 44 луѓе со кои поединечно ќе разговарам. Четириесет и четири! Тоа е мојата должност!

Функционерите, пратениците

Клучен момент во договорот се пратениците кои треба да гласаат уставни промени. Да не се лажеме, луѓе се. Со емоции се. Ако ги притискате дека се предавници, дека се среброљупци, дека не се патриоти, може вас да ви се удри од глава. Тие се главно интелектуалци. Почитувани личности. Тие не сакаат да бидат маркирани како предавници. Поддржете ги во тоа. Кажете им дека очекувате да не се само гласачи на налудничав лажго. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поддржете ги. Пратениците на мнозинството, умерено критикувајте ги. Еден да смени страна може да значи успех. Тука или таму, можеби има уште еден Мухиќ.

Партиите

Можеби е излишно да се зборува за СДС на ниво на партија. Но не на ниво на личности. Контактирајте ги. Кажете им дека влезот во ЕУ и НАТО може да има и поголема цена од оваа што ја плаќаат сега. Кажете им дека евтино се продаваат националните интереси. Кажете им дека откако договорот ќе пропадне, ќе носат грд епитет до век и веков. Врвот на СДС се во моментов убиецот со оружјето. Лекарот е ВМРО-ДПМНЕ. Не удирајте по лекарот што според вас „не знаел како треба да лечи“ или „бил договорен со убиецот, ми кажа баба му на Мирко комшијата“. Ни тие не се најпаметните. Избрале таква стратегија на одбрана. Решиле да го скинат договорот на оние места каде тие мислат дека е најтенко. Не сте ама баш од никаква помош ако ги обвинувате, притоа сосема неосновано, заради тоа што „вие мислите дека а друго место е потенко“. Логиката на нештата е многу едноставна: СДС како партија (не 100% како индивидуи) го поддржува договорот. Ако сте во право дека и ВМРО-ДПМНЕ е за договорот, пишете и крст на Македонија. Ако тие две сили настапат заедно, ама едните биле демек против, пишете крст. Крај. Ама не пукајте по надежта дека можеби не е така! Прифатете ја таа надеж. Концентрирано делување на партијата против договорот може да резултира со опструкции на високо организирана структура дури и до меѓународно ниво. Ако надежта ти е дека „народот сам ќе го урне Зоран, не му треба организација“, тогаш да ти кажам со два збора: НЕ МОЖЕ! Без организација – НЕ МОЖЕ! И ве молам немојте „оној реформаторот напиша нешто што може да се толкува и вака и така“. Аман. Типот е луциден подбуцнувач и провокатор кој не знае каква штета носи со својата непосолена мисла. Не прифаќајте му ја глупоста. Игнорирајте ги будалите.

 

Статусот на Анѓелкоски во целост можете да го виците подолу на линкот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...