Претседателот на ЛДП и пратеник Горан Милевски со став за фамозните грантови на Фондот за иновации

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 13:31

Милевски: Да се распушти комисијата од тајни експерти!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По истрагата која ја започна Основното Јавно обвинителство на Република Македонија и обраќањето на директорот на Фондот за иновации во врска со аферата со доделените грантови на социјалните мрежи се огласи и претседателот на ЛДП и пратеник – Горан Милевски:

“Фондот за иновации наместо да проверува која од фирмите што добиле грантови е поврзана со власта [ бидејќи тоа не било дел од критериумите ] предлагам:

1. Да го поништи целиот огласот

2. Да ја распушти комисијата од тајни експерти кои одлучувале по пристигнатите апликации

3. Да распише нов транспарентен оглас со јасни критериуми преку кои јасно ќе се дефинира кои фирми имаат право да аплицираат – што е тоа иновација во компанија – ниво на износ на средства што може да го добијат компаниите.

Со грантови треба да бидат поддржани вистински иновативни компании кои имаат раст – развој – извоз и нов производ независно на која политичка определба припаѓаат и дали воопшто припаѓаат – тоа не треба да биде важно. Ако се транспарентни условите никој нема да биде против.

Го познавам лично Деспотовски и очекувам заради неговата чесност и квалитет да го направи вистинскиот чекор – прво заради себе а второ заради процесите кои ги водиме сите заедно во оваа влада.” – напиша Милевски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...