Се ситни поддршката и помеѓу парламентарното т.н. мнозинство за поддршка за селективниот закон за амнестија, пратеникот Милевски најави дека ЛДП нема да гласа позитивно

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 6:33

Милевски нема да гласа за законот за амнестија, Заев изгуби и просто мнозинство

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Либерално демократската партија на синоќешното седмо Изборно собрание го резибра Горан Милевски за нејзин претседател.

Милевски првиот коментар го имаше за нацрт законот за селективна амнестија на СДСМ и групата одметнати пратеници од ВМРО – ДПМНЕ.

Прво пресуда за обвинетите, па потоа амнестија, коалицискиот партнер на СДСМ, Либерално демократската партија, не ја поддржува селективната амнестија за немилите настани во Собранието. За пратеникот и коалициски партнер на Зоран Заев, Горан Милевски е лошо кога Владата и Собранието се мешаат во работата на судот и најверојатно нема да гласа за предлог законот за амнестија со кој се најавуваат пониски казни за дел од обвинетите од собраниските инциденти.

Порака на Милевски од партискиот конгрес, ја слушнаа и неговите коалициски партнери.

Мислам дека треба прво судот да си го каже своето, да видиме кој е виновен а кој не е, па дури потоа политичарите да размислуваат дали е неопходно дали е потребно да му се даде помилување од претседателот, или амнестија од парламентот. Генерално е лошо кога законодавната или извршната власт се мешаат во судската власт. Да го видиме прво законот, но јас лично мислам дека не би го поддржал. – изјави Горан Милевски.

Иако од Собранието велат дека законот е на разгледување кај пратеничките групи, Милевски тврди дека не го видел.

Воздржани за текстот се и останатите пратеници, албанската опозиција повторува дека нема да го гласа, додека од ВМРО – ДПМНЕ дека амнестијата мора да биде целосна.

Според неофицијалните информации, само седуммина од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок ќе останат неамнестирани. Спас од евентуален затвор ќе најдат пратеницте, водачите на протестите За заедничка Македонија, но не и полициските службеници, собраниското како и личното обезбедување на екс функционери.

Сите оние кои што сакаат амнестија ќе мора да ја побараат.

Исто неофицијално во законот ќе бидат опишани делата и постапките за кои ќе има амнестија. Власта очекува и преквалификација на делото, а постапката да продолжи како здружување поради непријателска дејсност.

Законот во вторник ќе се најде на телото за помирување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.