Петре Шилегов од Скопје е на пат да направи коминтерновска паланка. Сите комунистички и авторитарни ликови од 20-тиот век ќе добијат имиња на улици во Скопје.

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 февруари, 2021 21:33

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го одродува Скопје, наместо македонски херои, Скопје ќе биде коминтерновска паланка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Соопштение до јавноста, реакција на ставовите на Петре Шилегов.

Петре Шилегов од Скопје е на пат да направи коминтерновска паланка. Сите комунистички и авторитарни ликови од 20-тиот век ќе добијат имиња на улици во Скопје.

Улиците во Скопје треба да бидат обележје не само за едно време, туку и за еден град и народ, а Шилегов е на пат тоа да го избрише.
Имињата на Митрополит Теодосиј Гологанов и Васил Чакаларов се спорни за Шилегов, ама не е спорно тоа што во Скопје ќе имаме имиња на улици по градови и држави кои му се страни на градот.
Шилегов барајќи некој комунистички дух на Скопје заглави во длабок авторитаризам па ќе имаме Октомвриска револуција и Бихакќа, а немаме Павел Шатев.

Шилегов тоа што се обидува да лови на некој сентимент целосно промашува. Душата на градот не е ниту Троцки ниту Комаров.
Шилегов требаше да одвои време за нови проекти, а не на менување имиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести