Бурна дебата на интерпелацијата за министерот Димитров

Објавил: Узунов Бобан | 29 јануари, 2019 13:13

Милошоски до Димитров: Вешт политички камелеон без изборен легитимитет

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Антонијо Милошоски со жесток говор на собраниската седница на интерпелацијата за министерот Никола Димитров му порача дека е вешт политички камелеон кој што никогаш не добил поддршка од народот и секогаш бил близок со власта на штета на интересите на народот. 

Милошоски му порача на министерот Димитров дека ја навредил македонската нација нарекувајќи ја нација со комплекс и дека незамисливо е бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и поранешниот грчки министер за надворешни работи Коѕијас да дадат изјава во која би ги нарекле ссвоите народи искомплексирани. 

Никола Димитров иако сака да се претстави како надпартиски човек, откако е на позициијата министер го следат скандали. Првиот е со доделувањето на стипендија од 40.000 долари на неговата ќерќа со што во јавноста беше согледано дека има судир на интереси, а вториот е со објавата на wikileas дека издавал информации на САД амбасадата во Скопје од преговорите на ПРМ, ПВРМ и МНР во врска со името

Милошоски јавно го запраша  Димитров дали Македонците биле искомплексирани кога тој бил амбасадор во Холандија и примил плата во висина од 600.000 долари и дека менувањето на ставовите во зависност од политичките лидери на Македонија било само за лични удопства на Никола Димитров. 

Министерот Никола Димитров одговори дека неговата изјава за искомплексирана нација се однесувала на политичарите кои граделе споменици од стиропор. 

Милошоски му возврати зошто со потпишувањето и ратификацијата на Преспанскиот договор Владата не организирала прослави како што тоа го направила во 2004 година кога САД ја признаа Македонија под уставното име.   

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести