Инаку, сметаме дека враќањето на поднесената интерпелација повикувајќи се на усогласување на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Објавил: Владо Марин | 19 јули, 2021 18:20

Враќањето на поднесената интерпелација е неосновано и спротивно на Деловникот, вели Мицевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Би сакале да Ве информираме дека дадовме одговор на известувањето во однос на вратената интерпелација за работата на претседателот на Собранието на Република Македонија.

Инаку, сметаме дека враќањето на поднесената интерпелација повикувајќи се на усогласување на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија, изјави денеска координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.

Укажуваме дека интерпелацијата и нејзината форма се единствени и дека врз нив не се применуваат одредбите кои што се однесуваат на предлог на закони како што е наведено во самото барање односно не се повикуваат на членот 136 од Деловникот. Членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон.

Така да, одговорот е поднесен до претседателот на Собранието, очекуваме службите да го обработат и истиот да стигне кај претседателот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.