Министерката Дескоска да поднесе оставка

Објавил: Узунов Бобан | 27 август, 2019 12:56

Милошоски: Другарката на Боки 13, министерката Дескоска да поднесе оставка, во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал”

Фото/Текст извор: ©магазин

ВМРО -ДПМНЕ бара оставка од министерката за правда, Рената Дескоска, поради случајот ,,Рекет”. По изгласувањето на потребата од носење на законот за обвинителство по скратена постапка, Милошоски обвини дека власта на сила се обидува да ги донесе законите.

„Бараме од другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска, да си поднесе оставка зашто во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал”, рече Милошоски. Тој кажа дека повторно се злоупотребува ЕУ знамето но опозицијата какп што рече, сепак, ќе учествува во комисиската расправа и ќе предложи амандмани на законот.

„Имаме системски аманмдани, а во однос на случаите на СЈО кои се во судски процес сметаме дека треба да продолжат, но истовремено сметаме дека треба да се почитува постоечкиот закон за СЈО каде пишува дека мандатот на помошниците обвинители не може да биде подолг од мандатот на специјаниот обвинител”, рече Милошоски и додаде дека обвинителите од СЈО треба да се вратат во матичните обвинителства.

Собранието денеска ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО. За предлогот гласаа 57 пратеници. Со ова почнува расправата за овој предлог закон во собраниските комисии

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести