Антонио Милошоски на ТВ дуелот со потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, целосно го разобличи лажното претставување на Договорот од Преспа, како спасоносно решение.

Објавил: Мартин Попоски | 14 септември, 2018 23:31

Милошоски “избриша” патос со Ременски!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политички ТВ дуел, Милошоски – Ременски, каков што Македонската политичка сцена не видела подолго време. 

Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на СДСМ, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и поранешен технички министер во министерството за труд и социјална политика на Македонија, вечерва доживеа политички дебакл во ТВ дуелот во емисијата 24 Анализа, на ТВ24, во кој на актуелни политички теми се обиде да дискутира со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија.

Милошоски никогаш и никаде во својата политичка и дипломатска кариера не ја користел во своето обраќање времена референца ФИРОМ.

Милошоски, во за него својствен стил, мирно и со факти, целосно ја разобличе маската на СДСМ и ДУИ кои пропагираат лажни вредности кои ги носи т.н. Договор од Преспа, со кој пак партиите на власт, тврдат дека целосно ќе се зачува националниот идентитет на Македонската нација, јазикот и историјата.

Ременски не можеше да се соочи со фактите, па често реплицираше дека Милошоски инсинуира, иако во ниту еден момент не понуди правни факти.

Од друга страна Милошоски,  јасно стави до знаење, дека со промената на името, т.е. со придавката по Република  пред Македонија (северна) правно се менува се, и тоа е факт кој е уреден со Договорот од Преспа. Република е општественото уредување а по него следи името на државата кое е идентично со нацијата.

Милошоски потврди дека во 2008 година се преговарало но за нова референца која ќе си ја користи Грција и 11 земји кои не нарекуваат ФИРОМ додека во ОН и за 145 држави ќе си останеме Република Македонија.

Северна Република Македонија е нешто сосема различно од за СДСМ идеалното решение Република Северна Македонија.

Со тоа кобно решение, согласно словото на правото во неа како државна форма ќе живее народ кој ќе е Северномакедонски и кој ќе говори и пишува со северномакедонско писмо и јазик.

Ременски се обиде да ги избегне фокусните точки од Договорот од Преспа, со кој ние се откажуваме, не само од Уставното име, туку и од постоењето на Македонската нација во целост.

Таа ги повторуваше веќе излитените политички фори на нејзиниот претседателл и актуелен премиер Зоран Заев, дека по отворање на Уставот ќе се промени само името но ќе се зачуваат нацијата и јазикот.

Со Договорот од Преспа сосема е јасно дека по евентуални промени на Уставот, нема да постои веќе Република Македонија и Македонска нација, туку ние ќе бидеме држава која се формирала во 1991 година.

Посочувајќи низа примери од кои најактуелен е оној со барањето на МПЦ – ОА лист пратен до Цариградската (Вселенскатата) Партијаршија од каде Светиот архиерејски Синод доби писмен одговор дека Православниот свет е подготвен да ја признае Црквата согласно канонските норми, но во духот на Договорот од Преспа, МПЦ – ОА ќе може да се именува само како Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Ременски одговори дека Милошоски лажел и дека сите институции ќе си ја задржат придавката,  а не именката како што тврдеше Ташевска, Македонски, Македонска, што не е точно!

Имено Ременски заборава дека три дена во Македонската Академија на науките и уметностите се дебатираше токму за оваа тема, со што по евентуалното имплементирање на Договорот од Преспа, ниту една државна институција нема да смее да се нарекува Македонска.

Милошоски потсети дека Македонија правдата за неправдата од Грција ја барала и добила и пред Меѓународниот суд и дека во тимот тогаш бил и Никола Димитров кој денес “пее” поинаква песна.

Согласно членовите од Договорот од Преспа, кој ја уредува употребата на именката Македонија и придавките Македонски, Македонска, јасно е посочено дека институциите во државата ќе мора да ги променат називите во Северно Македонска  т.е. Северно Македонски.

Ременски, во очај, нападна дека политиките на Никола Груевски биле погубни за Македонија и дека сега на Милошоски му смета што на власт е нова реформска влада на СДСМ со ДУИ, на што доби сочен одговор.

“Јас сум дал заклетва дека ќе го почитувам Уставот на Република Македонија, акт што е над партискиот, а не заклетва дека партиски лидер или премиер, ќе ми ги диктира убедувањата кои сериозно ми го загрозуваат постоењето на мојот национален Македонски индентитет и постоењето на државата Република Македонија, чии граѓани ме избрале за нивни претставник во законодавниот дом.”

Милошоски праша, согласно Договорот, каде се понудените правни решеније, каде е предлог изменетиот тескт на Уставот, и како ќе изгледа новата Преамбула на истиот, и дали во неа ќе има Македонска нација и Македонски јазик и писмо, или новата држава Северна Македонија ќе е држава на 2 нации и 2 јазици, со што ќе се негира и историското постоење на Илинденското Македонско Востание и Крушевската Република но и Одлуките од АСНОМ, со кои за прв пат се конципира правно формата Македонска држава?

Македонија е држава на Македонската нација и македонските граѓани со различни етнички припадности и во светот е преседан да се говори на држава на две нации од која уставотворната – мнозинска си го негирала идентитетот.

Ременски, се обиде да направи напори со мешање на античката историја на Македонија со Старословенските корени, за кои смета дека се вистинскиот историски факт, на што Милошоски и одговори дека можеби е време да се фокусираме на конкретни прашања, како на пример зошто Владата на Заев се откажа од македонското малцинство во Бугарија, зошто се откажа од Македонската историја, и истата сега се проповеда дека е заедничка или бугарска, но никако Македонска.

Воедно, согласно Договорот со Грција, кој е потпишан од една држава и една неименувана страна, владата на Заев се откажа и од своето национално етничко малцинство во Бугарија и  во Грција. И за тоа, ќе се ревидира историјата и со источниот и со јужнито сосед.

На провокацијата дека Милошоски е партиски послушник, Антонијо изјави дека за разлика од Ременски, тој заклетва дал пред Уставот на Република Македонија дека ќе ги брани и чува националните интереси на Македонската нација а не пред партискиот пратседател.

На тезата дека во 2008-ма година Милошоски преговарал за истите промени на името,  Ременски доби одговор, дека тоа беа преговори за промена на времената референца ФИРОМ, која патем ја постави СДСМ преку претседателот Киро Глигоров, и дека пред 10 години се преговарало за нова референца која ќе ја користи Грција и 11 држави кои одбиваат да ни го признаат  

Референцата би се користела во билатералните соработки со 11 држави, додека 140 држави кои во ОН не признале под уставното име Република Македонија ќе продолжат да го користат државотворното и историско име на земјата и нацијата.

На моменти, дебатата имаше трагикомични сцени, особено кога водителот ќе поставеше прашање кон Милошоски, кој додека одговараше, Ременски си зборуваше самата со себе, си носеше мислење, ставови па и дебатираше со замислен противник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.