Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состојбата со откупот на тутун, пред истекот на крајниот рок, кога законски треба да заврши откупот на тутун од минатогодишната реколта.

Објавил: Перо Милчин | 15 февруари, 2021 16:45

Министерот Хоџа ќе достави предлог до Владата за измена на Законот за тутун, со цел продолжување на рокот за откуп на тутун

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија. Состанокот се одржа во Конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состојбата со откупот на тутун, пред истекот на крајниот рок, кога законски треба да заврши откупот на тутун од минатогодишната реколта. 

„До овој момент откупени се околу 21 милиони килограми. Заклучно со утрешниот ден очекуваме 98% отсто да се заокружи договореното производство. Потоа ќе продолжи откупот на произведениот вишок на тутун, што е реално најголемиот проблем за оваа  сезона.

Заклучок од денешниот состанок е тоа што со оглед на климатските услови и динамиката на откуп, јас ќе и предложам на Владата по брзапостапка да направи измена на Законот за тутун, со цел да се продолжи рокот, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31. март.

Така ќе добиеме време да изнајдеме решение  за  да ја спасиме оваа лоша сезона за тутунот.

Реално гледано, ние и јавно кажавме дека во петиот пакет економски мерки, предвидени се околу 5 милиони евра за тутунопроизводителите,но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп“, изјави Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да ја следи состојбата и да превзема активности со цел успешно завршување на откупот на тутун.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...