На настанот во атарот на село Теново, во Општина Брвеница, премиерот Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и од директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, истакна дека со почетокот на поволните временски и сезонски услови започнаа активностите за успешна реализација на оваа програма.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 октомври, 2021 14:05

Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска учествуваше во засадувањето со садници како дел од вонредната програма на Јавното претпријатие „Национални шуми“ која има за цел да ги санира штетите од пожарите ова лето, како и дополнително да ги зазелени голините на планините утврдени како редовна активност за пошумување.

На настанот во атарот на село Теново, во Општина Брвеница, премиерот Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и од директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, истакна дека со почетокот на поволните временски и сезонски услови започнаа активностите за успешна реализација на оваа програма.

„Со интензивното спроведување на програмата за пошумување ќе ги обновиме зелените површини, а со тоа ќе се допринесе и за подобрување на состојбата на земјиштето, за намалување или сопирање на ерозивните процеси. Владата ќе го следи активно овој процес и во секој момент, доколку се покаже за потребно, ќе учествува во дополнување на програмата на Јавното претпријатие „Национални шуми“ за посеопфатна и целосно успешна реализација на пошумувањето“, нагласи премиерот Заев.

Заев додаде дека ова е почеток на исполнување на нашата обврска и грижа за поддршка на процесите на пошумување на обесшумените површини и за зголемувањето на зелените површини кои се од огромно значење за зачувување на биодиверзитетот, за здравјето на населението, и за ублажување на ерозивните процеси и поплавите.

Оваа програма е нашиот потребен придонес за заштитата и за иднината на нашата животна средина со сите потребни еколошки параметри. Есента е најдобар период за пошумување за засадување на дрвца и сакам да апелирам до секој граѓанин што може да си дозволи да засади дрво и да даде придонес во здрава животна средина“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев на настанот по повод стартот на сезоната на пошумување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести