Пратеникот на ГРОМ, Минов, на предлог амандмани за уставни измени дебатираше за нови, но и за нови преговори и услови за промена на името со Грција, за Северна Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 7:20

Минов бара да ја условиме употребата на името Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот од ГРОМ Панчо Минов, дел од опозицијата, за време на собраниската расправа за Предлогот кон пристапување кон уставни измени рече дека ќе биде доследен на партиско коалицискиот став и дека ќе гласа против предлогот- одлуката.

Воедно Минов предложи да биде условена од македонска страна употребата на името Република Северна Македонија, а грчката страна да даде гаранции за македонскиот идентитет.

Минов рече дека неговите предлози се во насока на изнаоѓање решенија кои ќе бидат усогласени меѓу власта и опозицијата во интерес на донесувањето на одлуките за евроатланската интеграција на Република Македонија. Според него, мора да се најде решение за големата разединетост помеѓу партиите, граѓанството и воопшто во општеството.

Определбата на ЕУ и НАТО е неспорна, проблемот е во тоа што интеграцијата во ЕУ и НАТО се условува со промена на нашето уставно име и тоа ерга омнес. Во изнаоѓањето на решенијата на овој голем проблем лично сметам дека треба да пристапиме кон изнаоѓање на решение кое ќе значи оваа условеност наметната од грчката страна да се задоволи, а во исто време сообразно да се однесуваме со нашето одлучување како пратеници во Парламентот, согласно изразената волја на граѓаните на референдумот.

Тоа претпоставува, ако е условено нашето евроатланско интегриорање во ЕУ и НАТО со промена на уставното име од грчка страна, ние да условиме прифаќање на промена на уставното име во Република Северна Македонија да се применува по нашето зачленување во НАТО и во ЕУ. – рече Минов.

Со уставен закон со кој се спроведува овој најважен амандман за промена на уставното име, додаде тој, да определиме рокови и услови со што примената на оваа промена на уставното име во меѓународни релации на Република Македонија да важи по ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот на Грција, како и со ратификацијата на повелбата за пристап на Република Македонија во НАТО од страна на сите членки на НАТО, вклучително и на Република Грција.

Прифаќањето на промената за уставното име за внатрешна употреба да важи со финализирањето на преговорите по сите релеватни поглавија за зачленување на Република Македонија во ЕУ, во рок од пет години односно дополнителен рок со зачленувањето на Македонија во ЕУ. – предложи Минов.

Ако ова се прифати од страна на власта, додаде пратеникот, уставниот закон да го предложи опозицијата, а тој да биде основа за преговарање меѓу власта и опозицијата на лидерско ниво, во втора фаза со преговарање и учество на парламентарните и вонпарламентарните партии, како и со претставници на албанскиот политички блок.

Пред донесување на одлуката за пристапување кон измени на Уставот, Минов рече дека треба да бидат дадени јасно утврдени гаранции за македонскиот идентитет кој што ќе ги гарантираат државотворност на македонскиот народ и другите граѓани кои живеат во Република Македонија, и со тоа ќе има заштита и гранација и на другите елементи кои ќе значат македонски национален идентитет, македонски јазик, територија и култура.

Ова да се регулира во Преамбулата на Уставот на РМ. –  вели, меѓу другото, Минов.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека во извесна смисла дебатата на Минов е вредна за размислување, но смета дека многу би било ризично ако се отворат нови преговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.