Силното невреме пропратено со торнадо го погоди Луксембург, делови од Холандија и Германија, каде во покраината Баден – Витербург од ударот на гром се повредени 15 фудбалери.

Објавил: Перо Милчин | 10 август, 2019 20:05

НЕСРЕЌА: Гром удри во фудбалери за време на тренинг – 15 повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во близина на спортскиот центар Розенфелд – Хајлнгенцимер во Германија, повредени се 15 фудбалери од удар на гром.

Како што пренесоа германските медиуми, гром удри во фудбалери додека тренираа, вчера вечерта во близина на спортскиот центар Розенфелд – Хајлнгенцимер во Германија.

Големото невреме кое било пропратено со торнадо го погоди исто така и Луксембург, делови од Холандија и Германија, каде во покраината Баден – Витербург, од ударот на гром беа повредени 15 фудбалери.

Фудбалерите се на возраст од 19 до 48 години и се здобија со лесни повреди, додека само еден играч за момент бил во бесознание.

Фудбалерите веднаш биле префрлени во најблиската болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести