Има еден записник, кој уште пред година дена е составен во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2020 20:41

Митовски: Кој го крие клучниот записник за Рекет и Рекет 2?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот и уредник на Инфомакс, Александар Митовски кој доби кривична пријава поради оддавање на службена тајна, откако објави дел од записникот со сведоштвото на Орце Камчев, сведок за случајот Рекет овој пат се огласи на својот Фејсбук профил но за случајот Рекет 2, откока вчера директорот на Фондот за здравство Ден Дончев си поднесе оставка.

Кој го крие записникот?
Има еден записник, кој уште пред година дена е составен во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Тој записник е клучен во истрагата за “Рекет” и “Рекет 2”, вели Митовски!

Во овој записник се зборува за лицата кои директно се вклучени во рекетарските шеми – и за Дијамед и за рекетираните бизнисмени.
Човекот што го дал исказот, од осомничен станува сведок.
Е сега, да прашам. Дали овој записник го има составено обвинителот Наум Паноски?

Каде е записникот и зошто не е земен во предвид при постапување по овие предмети? Чија вмешаност се прикрива?
Да не мислите дека ако народот не знае, сте завршиле работа. Има и такви кои знаат што правите, стои во неговиот пост на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...