Мицкоски на средбата со Хелбах, индиректно го открива и ставот на партијата по основ на претстојниот референдум, кој во основа е "за" промена на името

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 14:24

Мицкоски до Хелбах: Нема поддршка од ВМРО – ДПМНЕ за смена на името

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Кристијан Хелбах, специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во германското МНР, на која се афирмирала стратешката определба на ВМРО – ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО.

Во врска со договорот со Грција, како што соопшти прес службата на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски на средбата потенцирал дека ставот на ВМРО – ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки и оти партијата не може да го поддржи истиот.

На средбата се нагласиле и силно развиените билатерални односи помеѓу Германија и Македонија, како и потребата од понатамошно надградување на истите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.