Време е за подобри времиња, време е да му ставиме крај на ова зло

Објавил: admin@magazin | 17 јуни, 2018 16:30

Мицкоски: Народе македонски време е да ја дигнеме Македонија на нозе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира, ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за способните, младите, старите, работниците, селаните, талентираните, за секого. За оние кои сакаат да ни се придружат. Нека боите црвена, црна и жолта, бидат знакот по кој се препознаваме. Новиот лик и новата енергија нека биде промената која ве повикува да ни се приклучите. Вашиот пристапување и поддршка ќе значи поддршка за стабилност, економски просперитет и напредок, ова денеска го потенцираше Христијан Мицкоски на протестниот марш во Битола.

-Ова е Македонија во која веруваме. Ова е Македонија на слободни луѓе за која се вложуваме себеси, сите ние од тимот кој одлучил дека беспоштедно ќе се бори за заедничката иднина. И секој еден кој сака да ја гледа државата како напредува ќе биде вклучен во тимот! Тимот кој ќе ја носи Македонија вистински во нови победи и подобар живот за сите. Бидејќи еден живот имаме. Народе Македонски, време е да ја дигнеме Македонија на нозе. Време е за подобри времиња. Време е да му ставиме крај на ова зло. Време е Македонија да победи. За Македонија која ќе победи во економијата, во здравството, во спорот, за Македонија која ќе биде држава на среќни граѓани, со иднина за младите и стабилност за семејствата, за Македонија која е исправена и горда, истакнува Мицкоски.

Христијан Мицкоски (29 септември 1977 во Скопје) — македонски политичар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски има дипломирано на машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2001 година, по што се вработил како професор. Во 2016 станал директор на АД „Електрани на Македонија“, а во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев. Избран е за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесетиот конгрес на партијата во Валандово.

 

Тој додава дека нашите во Крушевскиот манифест пред 115 години напишаа: Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата челат и пречелат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!… Стани Македонијо! Станете македонци, граѓани на оваа земја, сега е времето кое пишува историја. Стани Македонијо, со верба, со чест и достоинство. Твоето име нека се слуша громогласно, и силно. Сега секој еден од вас е потребен, ова е часот, ова е тоа време. Стани Македонија од секој град и село, од секое маало и улица со сета своја сила и убавина. Ние сме тука за тебе. Македонија нема друг избор освен победа. Македонија била и ќе биде! Македонија ќе победи, Да сте живи и здрави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.