Мицкоски на шпекулациите на провладините медиуми одговори кратко и јасно, ги разбирам СДСМ во каква паника се, во ВМРО - ДПМНЕ сме единствени и се подготвуваме за избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 12:42

Мицкоски: Ниту Јанчев, ниту Рангелова ќе бидат разрешени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По големит број шпекулации објавени на провладините медиуми во обид на дискредитација во функционалноста и единството во ВМРО – ДПМНЕ и бројните информации кој се ќе биде разрешен по денешниот ЦК се огласи претседателот на партијата.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски категорично ги демантира информации и пишувања во медиумите дека попладнево на седница на Извршниот комитет ќе бидат разрешени потпретседателот, Митко Јанчев и претседателката на Унијата на жените, Даниела Рангелова.

Претседателот на опозициската партија оценува дека станува збор за шпекулации зготвени во кујната на социјалдемократите и јалов обид за дефокусирање на македонската јавност од суштинските проблеми во државата и од фактот дека референдумот беше неуспешен, при што додава дека СДСМ по неуспешниот референдум, наместо да одговори како беа уфрлени повеќе од 35.000 гласачки ливчиња, продолжуваат со дезинформирање на јавноста и оцрнување на опозициската партија.

Претседателката на унија на жени при ВМРО – ДПМНЕ и потпретседателот на партијата Митко Јанчев се на удар на шпекулации од провладините медиуми откако го остварија демократското право на глас на референдумот за промена на името кој пропадна.

Најостро демантирам дека на седница на Извршниот комитет ќе се случи какво било разрешување во партијата. Ниту сум помисил, ниту планирам да има такво нешто. Јас ги разбирам СДСМ и луѓето околу нив и јасни ми се нивните намери и што сакаат да постигнат со вакви шпекулации и класини дезинформцаии насочени, пред се, кон ВМРО – ДПМНЕ. Ние се подготвуваме за избори и немаме намера да се занимаваме со шпекулации на кујната на СДСМ по неуспешниот референдум.– вели Мицкоски и додава дека станува збор за редовна седница на Извршниот комитет на која партијата планира да ги заокружи подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ги демантира и пишувањата во медиумите дека наводно барањето за разрешувањето на Јанчев и на Рангелова било стокмено токму по негова директива, а поради несогласувања околу партиската одлука секој да постапи по свое убедување на референдумот.

Јас како претседател и како човек во ниту еден момент не сум помислил на такво нешто. Со Јанчев имам добра комуникација, токму утрово со него разговаравме. Ставот на ВМРО – ДПМНЕ е јасен и неколку пати досега повторен и за ситуацијата пред и по референдумот, а секој што смета да постапи спротивно на волјата на граѓаните јасно изразена на 30 септември ќе ја загуби довербата од македонските граѓани. – вели Мицкоски.

Провладините медуми пишеа дека извесно време односите на Мицкоски со Рангелова и Јанчев се повеќе од заладени, а причина е референдумот и пораките од сестринската ЦДУ и меѓународните фактори дека ако не биде реализиран договорот од Преспа кој е услов за влез на Македонија во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ, вината и одговорноста ќе паднат на најголемата опозициска партија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести