Заев не само што ги распродава државните интереси, туку Македонија ја губи и Европската иднина

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 9:20

Мицкоски: Одложувањето на датумот за преговори е катастрофа

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Одложувањето на датум за преговори значи катастрофа, Заев не само што ги распродава државните интереси, туку Македонија ја губи и Европската иднина, оцени вчера вечер во интервјуто во ,,Само вистина” лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише Законот за ратификација на Договорот за спорот со името меѓу Македонија и Грција.Смета дека е исправна, водена од потребата на заштита на Уставот и државата, и оти за тоа има и сериозни правни аргументи. Најавува бојкот и на следната седница на која тој договор ќе биде ставен повторно, а го овтори и ставот дека нема да поддржат уставни измени со цел промена на уставното име.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.