Од партијата ги потврдуваат информациите дека и партискиот претседател е на став дека партијата мора да расчисти со финансиските долгови кои се терет на ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 12:47

Мицкоски се ослободува од хипотеките на ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Опозициската, најголема политичка партија во Македонија, ВМРО – ДПМНЕ, се подготвува на нов чекор за излез од кризата на корумпираните поранешни функционери.

Имено според извори од партијата, ВМРО – ДПМНЕ се подготвува за продажна на партиското седиште, палатата “Христо Татарчев”, која се наоѓа во центарот на Скопје.

Партијата по продажбата ќе се сели во ново седиште.

Актуелото се градеше во периодот од 2013 до 2015 година.

Врз основа на проценката која ја извршил овластен проценител додека седиштето било во фаза на изградба, утврдено е дека пазарната цена на објектот е 14 милиони евра а на градежното земјиште 500.000 евра.

Високи партиски функционери брифираат:

Се размислува во тој правец и тоа стои како идеја. Доколку добиеме адекватна понуда ќе склучиме договор за продажба.

Со дел од парите ќе го вратиме кредитот кој партијата го има во една од банките, ќе купиме простории далеку поскромни од постоечките кои ќе бидат ново седиште на партијата а остатокот би го донирале во хуманитарни цели од различен калибар.

Како опција стои и можнота финаниски да се помогне реновирањето на училиштето во Тетово, за кое Владата на СДСМ вети дека ќе го реновира но тоа не го направи.

Имено т.н. “Бела палата” Христо Татарчев е ставена под хипотека.

ВМРО – ДПМНЕ го заложи партиското седиште само неколку дена пред парламентарните избори во 2016 година.

Палатата е заложена во Комерцијална Банка, а партијата добила кредит од 3 милиони евра. Според објавата во Службен весник, се работи за рамковен риволвинг кредит што значи дека партијата може и постепено да ги повлекува парите.

Оваа информација оди во прилог на последните потези на претседателот Христијан Мицкоски, кој по расчистувањето со партиските кадри кои ја изневериле идеологијата и членството со форми на соработка со СДСМ и Зоран Заев за уставни измени, сака да го регулира и хипотекарниот кредиот кој му е “оставен во наследство” од поранешното раководство.

Праксата на заложување не е нова, СДСМ 5 изборни циклуси го заложува партиско седиште на Бихаќка, во истата банка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.