Мицотакис пред пратениците истакна дека ова е единствен начин за да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2019 23:03

Мицотакис со закани кон Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кирјакос Мицотакис , новиот премиер на Грција на денешното обраќањето пред пратениците изјави дека двете клучни работи на кои ќе се фокусира грчката Влада се, процесот на интеграција на Република Cеверна Македонија во Европската Унија да се користи како алатка за притиcoк и силна поддршка за брендот „Македонија“.

Последните изјави на Мицотакис во врска со македонското прашање беа дека Преспанскиот договор не може да се раскине еднострано и дека неговата партија Неа Демократија ќе го почитува истиот.

Мицотакис пред пратениците истакна дека ова е единствен начин за да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа.

–Неопходно е да се бopиме за да ги ублажиме нeгативните последици користејќи го како алатка за притиcoк процесот на интеграција на Скопје во Европската Унија. Мораме да дадеме и силна поддршка на македонските производи, кои вие ги оставивте на нивната судбина. Потребно е и спроведување голема светска комуникациска кампања за автентичната грчката Македонија. Ова го кажав и ќе го сторам тоа. И ако господине Ципрас не сакате да дадете поддршка, бидејќи сметате дека договорот што го потпишавте е толку важен, сами ќе го сториме тоа – изјави Мицотакис.

Пред пратениците, свое обраќање имаше и поранешниот премиер на Грција, кој воедно е и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас. Тој директно му се обрати на Мицотакис, потенцирајќи дека му е драго што како премиер одлучил да ја задржи националната линија за еден национално корисен договор.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.