Појасни дека колку двете земји се поблиску до европскиот пат, толку повеќе се дава можност на Грција во рамките на процесот на преговори со Унијата да се справи со проблемите што ги има на билатерално ниво.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 октомври, 2019 23:22

Мицотакис: Резултатот од Самитот не е добар ни за Грција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за резултатите од Самитот на ЕУ, говорејќи за проширувањето на Унијата, порача дека одлуката не била добра ниту за Македонија, ниту за Грција и за целиот Балкан.

– Не беше изводливо да се постигне едногласност. Три земји не се согласија, па така, резултатот не беше таков да ни дозволи да донесеме одлука. Сметам дека ова не е добро. И сметам дека не е добро и за општата стабилност на Балканот, бидејќи треба да се задржи отворена европската перспектива на Западен Балкан за да може да постои поголема стабилност и економски просперитет во регионот. Сметам дека не е добро ни за Грција, бидејќи главното оружје што Грција го има во свои раце за да се справи со прашањата што ги има со двете земји се однесува на европската перспектива,рече Мицотакис.

Последните изјави на Мицотакис во врска со македонското прашање беа дека Преспанскиот договор не може да се раскине еднострано и дека неговата партија Неа Демократија ќе го почитува истиот.

Појасни дека колку двете земји се поблиску до европскиот пат, толку повеќе се дава можност на Грција во рамките на процесот на преговори со Унијата да се справи со проблемите што ги има на билатерално ниво.

Мицотакис истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и „има поставено конкретни услови во процесот“, објасни дека на состанокот ги пренел позициите на грчката влада за Договорот од Преспа, зошто сметаат дека е лош договор, но и повтори дека од моментот кога е ратификуван, тие се обврзани да го спроведуваат.

На новинарско прашање дали во Брисел стапил во контакт со премиерот на Македонија, Мицотакис одговори негативно и објасни што точно му кажал на Заев за време на нивната средба во Њујорк.

– Не стапив во контакт со господинот Заев додека беше овде. На самитот го кажав она што го му го кажав и на самиот господин Заев кога се сретнавме во Њујорк и јасно му реков дека „за мене Договорот од Преспа има проблеми. Тоа е проблематичен договор, но морам да го почитувам и нема Договорот од Преспа да го поставам како пречка за вашиот европски пат, доволно е апсолутно да сум убеден дека си во согласност со овој договор и секако дека покажуваш добро расположение да ги решиш и нерешените прашања што произлегуваат од договорот, како што е основното нерешено прашање што се однесува на трговските ознаки“. Ова ќе му го кажам и кога повторно ќе разговарам со него, рече Мицотакис.

Во однос на внатрешно-политичките случувања кај нас, грчкиот премиер одби да даде било каков коментар.

– Не би сакал да направам дополнителна проценка за тоа што може да се случи во Северна Македонија. Тоа е прашање кое што е внатрешно, кое што се однесува на соседната земја, одговори Мицотакис. 

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.