Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, пред судот се повика на амнестијата од претседателот Иванов, но беше одбиен

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 12:04

Мијалков бараше да биде признаена амнестијата од Иванов, судот одби

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина” на СЈО, одбраната на Сашо Мијалков се повика на амнестијата што ја прогласи претседателот Иванов, но судот го одби барањето.

Судијката Џенета Бектовиќ го одби барањето на адвокатот Љупчо Шврговски и порача дека судот го ценел обвинението и ги одбил приговорите за прифаќање на помилувањето.

Случајот „Тврдина-Таргет” се однесува на масовното прислушување, а во него, освен Мијалков, обвинета е и екс-министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Инаку, четворица од обвинетите за прислушкувањето во „Таргет – Тврдина“ се уште работат во УБК, каде што и се вршеше прислушувањето. Две од обвинетите, пак, пред неколку месеци се пензионирани во УБК.

Екс директорот Мијалков вели дека е вработен во Мак Поинт ДООЕЛ Скопје, а неговиот некогашен шеф на кабинет Тони Јакимовски исто така е вработен во приватна компанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.