Јанева побарала од Кривичен суд 30 дневен притвор за поранешниот шеф на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков по основано сомнение за можност за бегство

Објавил: Мартин Попоски | 20 ноември, 2018 20:06

Мијалков приведен во “Мериот”, се очекува 30 дена притвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На прилично спектакуларен начин поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков полиција го изнела со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што го спровела во истражниот затвор во Шутка.

Ова е побарано од СЈО поради сознанија дека постои опасност од бегство.

По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на поранешниот премиерот Никола Груевски.

Пред затворот во Шутка, Мијалков бил или ќе биде изведен и од пред Кривичен суд Скопје, за што извори од истрагата не споделуваат информации.

Апсењето на Мијалков се толкува како последователна одлука на Катица Јанева, која се најде под притисок на јавноста како Мијалков кој има и втор странски пасош, слободно шета без сомнеж за бегство, но и изјавите на премиерот Заев дека можно е Мијалков да се испазарил, па од обвинет во случаите на СЈО да станал заштитен сведок.

Сеуште нема детали за која точно постапка Милајков е приведен и дали судот ќе му одреди времена мерка, 30 дневен притвор како и на Камчев, Јанакиески и Божиновски.

Мијалков на чело на УБК беше 10 години а е првоосомничен во случаите со прислушкуваните разговори како наредбодавач за нивна реализација.

По 19 октомври и гласањето уставни измени Мијалков беше посочен како главната оска за притисок врз пратеници од опозицијата да гласаат уставни измени, по што беше исклучен од ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести