Претседателот на МАНУ, економистот Таки Фити може да го одмори НАТО и да појасни зошто ММФ и СБ тврдат дека економијата ни тоне со брзина на светлината и е пред колапс

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 7:48

ММФ: Македонската економија последна во регионот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По претседателот на МАНУ, академик Таки Фити кој изјави дека ако се оди на нови избори тоа ќе значи ослабнување на македонската економија, се огласи Меѓународниот монетарен фонд.

Фити изјави и дека НАТО членствот ќе донесе големи директни странски инвестииции во државата.

Меѓународниот монетарен фонд всушност само контатираше статистички податоци дека македонската економи и не може да стои полошо од сега. Таа е последна во регионот и следно нешто што може да и се случи на државата е само банкрот.

Можеби Таки Фити не следи извештати од ММФ?

Претходна проценка на ММФ беше 2.8 отсто. За наредната година прогнозата е 2.6%, а до 2023 годишниот раст да биде 3.4%.

Соседните Србија, Косово и Албанија, ММФ проценува дека ќе ја завршат годината со раст од 4%. Црна Гора 3.7, Бугарија 3.6% и Хрватска 2.8отсто, а на Грција и се предвидува раст од 2.4%.

Очекувани се намалените проекции, сметаат домашните експерти. Поради сегашната мини политичка криза, како и неостварените капитални инвестции.

Сепак и покрај сите предвидувања, Владата е цврста на ставот дека проектираниот раст од 3.2% до крајот на годинава ќе биде остварен.

Претходно и Светска банка ја намали прогнозата за економскиот раст на земјава.

Предвидува Македонија да ја заврши годинава со раст од 2.5 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3.2%. Апелираа Владата да поведе и сметка за јавниот долг на земјава, кој до крајот на годинава се очекува да достигне 50 отсто од БДП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.