Прекинот на мораториумот за издавање градежни дозволи, дополнително ќе ги поттикне инвестииците!

Објавил: admin@magazin | 2 април, 2019 15:06

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонија ќе оствари раст на БДП годинава од 2,9 проценти, а во 2020 година економијата ќе порасне со стапка од 3,2 проценти, а овие стапки се меѓу најниските во регионот, соопшти Светска банка во најновиот полугодишен извештај за земјите од Западен Балакан.

На ниво на цел Западен Балкан годинава економијата се очекува да порасне со стапка од 3,5 проценти. Во извештајот стои и дека земјите треба да забрзаат со реформите. Државите од регионот, сметаат експертите на Светска банка и покрај тоа што испорачале раст, не успеале да создадат нови работни места. 

Владиното фискално сценарио за зголемување на односот помеѓу јавниот долг и БДП на 54,4 проценти во следната година, според Светска банка, бара силни структурни реформи за стабилизирање на долгот.

„Главни предизвици за растот се ниската и се помала продуктивност на локалните фирми, слабите државни институции, нискиот човечки капитал, неусогласеноста помеѓу вештините и промените во побарувачката на пазарот на труд и пречките од јавните политики  во однос на конкурентноста и инвестициите“, се вели во извештајот.

Стабилен извор на раст се очекува и понатаму да биде потрошувачката исто како и извозот од странските директни инвестици, стои во Извештајот на СБ за држвава.

Разрешувањето на прашањето со името се очекува да ги забрза преговорите за пристапување во ЕУ, со што ќе се зајакне довербата на инвеститорите и ќе се стимулира растот во наредните неколку години. Големите инфраструктурни проекти, особено патиштата, како и прекинот на мораториумот на локалните власти за издавање градежни дозволи, според СБ, дополнително ќе ги поттикне инвестиците.

„По стагнацијата во 2017 година растот минатата година достигна 2,7  отсто, главно поради потрошувачката и нето  извозот, а се забележува и закрепнување на нето инвестициите. Невработеноста продолжи да се намалува и достигна  историски најниско ниво, но продолжи притисокот врз платите движен од недостигот на работна сила во некои сектори. Фискалниот дефицит во 2018 година се намали, но јавниот долг  продолжи да расте. Со подобрувањето на политичката перспектива земјата треба да стави повеќе акцент на економските реформи за да може да се забрзаат процесите на конверзија со ЕУ“, рече на прес-конференција Бојан Шимбов економист од Канцеларијата на СБ во државава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...