Могерини со философски пристап на прашањето за уставните измени, Ципрас "демократски" директен, ако нема уставни измени, Грција ќе ве блокира и во ЕУ и во НАТО

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 8:28

Могерини и Ципрас со апели да се поддржат уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европската унија целосно го поддржува Договорот постигнат меѓу Македонија и Грција како уникатна можност за помирување во Југоисточна Европа, можност која може да не се повтори наскоро.

Вака гласи пораката која истовремено и на македонската и на грчката јавност и им ја упати Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерин, преку речиси идентично интервју дадено и за грчката и за македонската новинска агенција.

Сега има национални процедури за имплементација на Договорот што се одвиваваат во двете земји и тоа мора да биде заштитено и почитувано. – е ставот на Могерини.

За тоа дали позитивен резултата од гласањето во македонскотот Собрание ќе значи забрзување на процедурите за членство на Македонија во ЕУ и во кој рок, таа одговара дека помирувањето, регионалната соработка и добрососедските односи играат клучна улога во ангажманот на ЕУ во Западниот Балкан и е клучен принцип на процесот на проширување.

За Могерини решавањето на така тежок спор е од огромна важност за регионот и прилика за напредување на патот кон ЕУ.

Ако моментов се искористи мудро за да се напредува во реформите кои се потребни, тогаш пред нас е значаен прогрес. Земјите членки го отворија патот за старт на пристапни преговори во јуни идната година, врз основа на јасни услови за процесот. Ова е дел од нашиот засилен ангажман во регионот, кој е во интерес на сите, и за земјите членки и за Западниот Балкан. -вели Могерини во интервјуто за двете новинаски агенции.

Могерини смета дека историскиот договор кој е постигнат може да придонесе за трансформација на целиот регион.

Бегалската криза покажа дека војните кои започнуваат далеку од Брисел или Скопје/Атина имаат импакт, порано или подоцна, во Европа. Западниот Балкан е во срцето на Европа, ние сме меѓусебно зависни. Верувам дека заедно можеме да постигнеме многу за просперитетот, безбедноста и стабилноста на нашите луѓе.-  вели Могерини.

Порака за Договорот стигна и од Грција.

Откако грчкиот премиер Алексис Ципрас, неколку дена го гасеше пожарот кој го предизвика планот Б на Панос Каменос за Договорот до Преспа, велејќи дека грчката влада стои зад постигнатиот Договор, тој на македонската страна вчера и порача дека доколку не се мени уставното име Грција нема да дозволи прием на земјава во ниедна меѓународна организација или било која форма на безбедносен сојуз.

За Ципрас Договорот од Преспа е уникатен и незаменлива шанса за двата народи и за стабилноста на Балканот.

Ако нашите соседи го негираат, тие треба да знаат и ја искрено ќе кажам дека не постои алтернатива за влез во ЕУ или други организации и безбдносни сојузи во кои Грција е членка. Бидејќи доколку тие не го сменат нивното уставно име, сакам да бидам јасен, Грција нема да го дозволи тоа. – изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

Грчкиот премиер е дециден дека Грција нема да прифати членство на соседната земја во НАТО, ЕУ или било која друга меѓународна организација или форма на бебедносна соработка под уставното име Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.