Могерини нема одговор каков компромис направила Грција за сметка на компромисите кои ги направиле Заев, Османи и Димитров, но сепак смета дека Преспанскиот договор е ОК

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 10:10

Могерини смета дека договорот е плод на компромис, но не знае кои отстапка ги направила Грција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, истакна дека ЕУ го поддржува Договорот од Препа, кој претставува компромис со кој се исполнуваат интересите на двете страни.

Сега има национални процедури за имплементација на договорот што се одвиваваат во двете страни и тоа треба да биде заштитено и почитувано. Ги разбирам чувствителностите и комплексната историска позадина на спорот, како и изразените загрижености. Спорот не постоеше толку долго без причина, меѓутоа, како што видовме во минатото, колку повеќе времето минува, толку е потешко да се изнајдат решенија.

Преговарачкиот процес мора да бил болен и резултатот е компромис. Но, е компромис со кој успешно се исполнуваат клучните интереси на двете страни. Нашата позиција е јасна: ЕУ целосно го поддржува постигнатиот договор. Ова е уникатна можност за помирување на Западниот Балкан која можеби нема да се повтори. Се надевам дека сите страни ќе ги зграпчат моментот и дека ќе обезбедат иднина во ЕУ за земјата, иднина која цела нација се надева со години да стане реалност. – рече Могерини.

Таа истакна дека поминувањето, регионалната соработка и добрососедските односи играат клучна улога во нивниот ангажман во Западниот Балкан и е клучен принцип на процесот на проширување.

Решавањето на така тежок спор е од огромна важност за регионот и прилика за напредување по патот кон ЕУ. Ако моментов се искористи мудро за да се напредува во реформите кои се потребни, тогаш пред нас е значаен прогрес. Земјите членки го отворија патот за старт на преговори во јуни в година, врз база на јасни услови. Ова е дел од нашиот засилен ангажман во регионот, кој е од интерес за сите, и за земјите членки и за регионот. – рече високата претставничка.

Могерини истакна дека со Договорот од Преспа би се постигнала поголема стабилност во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.