"Лекување на раните и крај на поделбите"

Објавил: admin@magazin | 9 јули, 2018 8:35

Могерини со порака до Балканот: Време е…

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини порача дека Западен Балкан географски е дел од Европа, но и дека колективно може да стане дел од Европската Унија.

„Време е да се залечат раните од минатото и да се преземат нови чекори за да се гарантира стабилноста во регионот и цела Европа“ напиша Могерини на својот личен блог.

Таа истакна дека сите шест балкански партнери на ЕУ имаат единствена можност „да стават крај на поделбите во Европа и да го обединат континентот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.