Актерот Тони Михајловски предвидува референдум за поделба на Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 20 јануари, 2019 11:24

Можеби треба повторно да прогласиме независност

Фото/Текст извор: ©магазин

Актерот Тони Михајловски анализирајќи ја политичката ситуација во Македонија тврди дека наскоро ќе има референдум за нови поделби на Македонија и дека западниот дел ќе се отцепи со цел да се припои кон соседна држава.

Да, на шверцески , криминален, подмолен, насилен, нелегитимен, идиотски начин, тие си прогласија држава. Ганц нова.
По сопствена воља станаа никој и ништо, и нешто што нема допирна точка со никого и ништо во минатото.
И не се малку. Близу 300 000 Југословени, скоро сите Албанци, голем број Власи, пола Роми, Турци, нешто ситно Срби и Бошњаци. Кога ќе ги собереш бројките, се добива бројот на оние кои гласаа за европска шо и да е, на референдумот. Без полнењето и “пит стоп” гласањето, таа бројка е 550 000.
Но, сите овие неоникојиништо, не се во иста позиција. Освен Југословениве и Ромите, сите други имаат заштитен идентитет, и резервна Татковина. Не се дрво без корен. И прашање на време е кога од тој корен ќе потера нова гранка/држава.
Епа, дојдено е времето и ние, останатите, за нив заостанатите, небањатите, Македонците, повторно да потераме од коренот. Да се избориме да продолжи да живее Република Македонија.
Таа не е мртва. Од неа, само, се откажа мал дел од нејзиниот “народ”, со делови од други народи. Но таа не е мртва.
Таа е жива, и сега поголемиот дел од македонскиот народ е на ред да се изјасни во која држава сака да живее.
Можеби треба повторно да прогласиме независност. Можеби ни треба востание, нова револуција или бунт за да не останеме заробени во хибридната адаптоидна држава на северниве.
Наскоро ќе има референдум за нови територијални поделби на ова парче земја. Се си мислам дека западниот дел наскоро ќе се отцепи, со аспирации да се приклучи кон една соседна држава. Северниве исто така ќе треба некаде да живеат, а во иста држава очигледно нема да можеме, но можеби ќе можеме да бидеме добри соседи. Можеби.
Јас не сакам да живеам во таа северна што и да е, но исто така не сакам ниту да си одам одовде. Не сакам да бидам северен, туку само Македонец. Не сакам да сменам ниту пасош, ниту било каков друг документ во кој ќе се впише било што друго. И сакам да се повикувам на сите Македонци низ времето наназад, да ги славам и почитувам нивните дела и достигнувања направени за Македонија. Од ништо македонско не сакам, и нема, да се откажам.
И верувам дека не има доволно за да останеме Македонци, во Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.