До судар дошло помеѓу возило БМВ и мотор Јамаха

Објавил: admin@magazin | 13 август, 2018 11:26

Мотоциклист тешко повреден во Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид тешко бил повреден мотоциклист.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случуила во 17.30 часот, на крстосницата од булеварот Туристичка и улицата Распаке.

Автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал Б.Џ. (29) од Тетово се судрил со мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Д.(47) од Охрид.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил возачот на мотоциклот. Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.