Тој веднаш бил пренесен во болница

Објавил: Данаил Михајловски | 26 септември, 2018 15:11

Стружанец тешко повреден додека сечел дрва

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен Т.М.(44) од село Горно Татеши, струшко, со повреди на главата.

Додека сечел дрва со моторна пила на сопственото земјиште на место викано „Бегова земја-Рај“, му паднале гранки врз глава и се здобил со повреди.

По укажаната помош тој бил задржан на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести