Цело време се најавуваат нови работни места, а фактичката состојба е сосема друга

Објавил: admin@magazin | 31 јули, 2018 11:14

Над 200 илјади невработени во Македонија, само 6 илјади слободни работни места

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Македонија активно барат работа околу 98 илјади луѓе, покажуваат последните податоци на Агенцијата за вработување, а на официјалната страна на самата институција слободни работни места има околу 6 илјади.

Преку Агенцијата за вработување во моментов објавени се огласи за вработување каде што приватните компании бараат соодветен кадар за ангажирање за слободните работни места.

Компаниите имаат потреба од работници од различен профил и од секаков вид на образование.

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, комерцијалисти, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, економисти и многу други.

Ова се јавни огласи и сите заинтересирани можат да ги пронајдат на официјалната страница на Агенцијата за вработување.

Според податоците на Заводот за Статистика на Рерпублика Македонија, во првото тромешечие од оваа година како вработени се евидентирани 749.892 а 206.748 од населението се водат како невработени.

Просечната нето плата за месец мај изнесуваше 24.509 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.