Вчера вечер група од 60.000 верници се упатија пеш, во Подгорица, главниот град на Црна Гора. Оваа група ја сочинуваа старите црногорски племиња Кучи, Мерниќи, Бјелопавлиќи, Братоножиќи и останати, јави „Б92“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 февруари, 2020 10:46

Над 60.000 верници во Црна Гора излегоа во одбрана на својата вера

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечер група од 60.000 верници се упатија пеш, во Подгорица, главниот град на Црна Гора. Оваа група ја сочинуваа старите црногорски племиња Кучи, Мерниќи, Бјелопавлиќи, Братоножиќи и останати, јави „Б92“.

Вчера вечер група од 60.000 верници се упатија пеш, во Подгорица, главниот град на Црна Гора. Оваа група ја сочинуваа старите црногорски племиња Кучи, Мерниќи, Бјелопавлиќи, Братоножиќи и останати, јави „Б92“.

Верниците пешачеле неколку часа за да стигнат до Храмот на Христовото воскресение. Како што пренесува „Спутник“ ова најголем собир досега во Подгорица.

Атмосферата е убава. Многубројни литии тргнаа уште синоќа, некои утринава и во текот на денот, од разни краеви на Црна Гора. Соборени се рекорди во должината на литиите, а ќе биде урнат и рекордот за масовност. Црна Гора на најубав начин ја брани својата вера прадедовска“, изјавил за „Б92“ аналитичарот Лука Радоњиќ.

За потсетување, пред околу два месеци настана општ хаос во собранието на Црна Гора токму поради предлог-законот за слобода на религија.

Тогаш во знак на протест против усвојување на закон за слобода на вероисповед, беше блокиран кружен тек на влезот на аеродромот во Подгорица.

За предлог законот гласаа 45 пратеници, додека немаше гласови против или воздржани. Претходно беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт (ДФ).

Седницата на Собранието беше прекината кога полицијата ги приведе пратениците на Демократскиот фронт, по инцидентот во пленарната сала.

По целата ситуација се огласи и српскиот патријарх Иринеј кој изјави дека е длабоко потресен од актуелните случувања во Црна Гора по повод законот за слобода на вероисповед или уверувањата и правната положба на верските заедници, соопшти Српската православна црква (СПЦ).

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.