Русите ќе ја манифестират воената моќ, компарирајќи ја онаа со НАТО, затоа на воените вежби ја поканија и државата со 1/5 население на планетата, Кина

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 9:43

НАТО во паника – Русија на воените вежби на милениумот ја покани и Кина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Русите за септември ја најавија најголемата воена вежба после завршувањето на Студената војна на која воени игри ќе симулуираат неверојатни  300.000 војници.

Две дополнителни главоболки за Алијансата секако се фактот што на руската вежба ќе учествуваат и Кинези а до тогаш НАТО уште ќе е без Македонија.

Од 11 до 15 септември во Русија ќе се одржи воената вежба „Восток 2018“ или „Исток-18“ на која учество ќе земат 300.000 луѓе и преку 1.000 воени авиони. Ќе биде симулирана воена акција од големи размери а на вежбата ќе учествуваат и воени сили од Кина и Монголија. 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека вежбата ќе наликува на онаа од септември 1981 година која се викаше Запад-18 и која во тоа време, во смисла на ангажиран човечки фактор и воен хардвер беше без преседан бидејќи учествуваа 100.000 војници. 37 години подоцна, Русите решиле да повторат приказната со триплирана бројка.

„Замислете 36.000 парчиња воена опрема како се движат заедно во ист правц – тенкови, оклопни возила, пешадиски возила. И сето тоа во услови кои наликуваат колку што може повеќе на воена ситуација,“ изјави Шојгу.

Портпаролот на НАТО Дилан Вајт објасни дека со оглед на тоа што воената вежба ќе се одвива источно од Урал, Русите не биле должни да ја пријават кај нив ниту да повикаат набљудувачи од ОБСЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.