Во несреќата која е предизвикана од природна непогода се смета дека бројот на жртви ќе расте

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 13:01

Најмалку 11 планинари загинаа во поплавата во кањон во јужна Италија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 11 планинари загинале во поплавите што ја погодија јужна Италија а неколкумина се водат како исчезнати.

Тие пешачеле низ еден кањон во национален парк во регионот Калабрија кога биле изненадени од пороен дожд. Локалните власти велат дека бројката на планинари со кои не може да се стапи во контакт е непозната.

Осумнаесет луѓе се спасени вклучувајќи и десетгодишно дете а шест се превезени во болница изјави шефот на локалната цивилна заштита.

“Кога планинарите биле удрени од надојдената вода тие биле катапултирани како куршуми и однесени три километри подолу во долината. Кањонот Раџанело е тесен и висок се издигнува и до еден километар. Тој за многу кратко време може да се исполни со вода.” – изјави Карло Танзи.

Националноста на планинарите не е позната освен дека еден од повредените е Холанѓанец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести