вторник, 7 мај 2024

MK/ EN/ DE



Во првиот круг не беше достигнато потребното мнозинство од 904.066 гласови за тогаш да биде избран претседател на републиката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 мај, 2019 11:08

Најмалку 723.253 граѓани треба да гласаат во недела за да се избере претседател

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 5 ти мај во недела е закажан вториот круг за избор на претседател на државата. За Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, двајцата кандидати за претседател кои останаа во трката од првиот круг, може да гласаат вкупно 1.808.131 избирач.

Во првиот круг не беше достигнато потребното мнозинство од 904.066 гласови за тогаш да биде избран претседател на републиката. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, и беше закажан за 5 мај.

Во недела на 5 ти мај е закажан вториот круг од претседателските избори

По престојните избори претседателската функција ќе ја извршува, еден од двајцата кандидати кој добил мнозинство од гласовите, но тоа само доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Цензусот од 40 отсто е предвиден со член 121, став 3 од Изборниот законик. Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добие потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка. 

Во првиот круг може да се каже дека имаше мала излезеност, околу 42 проценти, но со тоа претседателските кандидати добија поголема волја за борба за претседателската функција.

Доколку и сега не се постигне цензус, ќе треба повторно одново да се повтори целата постапка, а до тогаш функцијата на в.д. претседател ќе ја извршува претседателот на Собранието Талат Џафери. Според уставните експерти, во случај на немање цензус ќе мора да се распишат нови избори и тоа во рок од 40 дена. Тие сметат дека по завршување на претседателскиот мандат Ѓорге Иванов никако не може да ја продолжи функцијата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.