Во петок и во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.

Објавил: Перо Милчин | 19 ноември, 2020 6:44

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: СУШАТА КОЈА ЈА ЗАФАТИ НАШАТА ДРЖАВА И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Според најновите анализи со кој ние располагаме и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели, суштата која ја зафати нашата држава ќе продолжи и понатаму, што значи продолжува периодот на претежно стабилно и суво време.

Денеска и во петок ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, додека во сабота повторно ќе има малку повеќе облаци а само на планинските места не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег.

Во петок и во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.

Максималните дневни температури, особено за време на викендот и тоа поради влијание на постуден воздух од север ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, наутро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаав во интервалот од -6 до 1 степени.

Што се однесува до Скопје и околината, ќе продолжи периодот на стабилно и суво време без никакви врнежи, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат до околу 12 степени, пад на истите очекуваме за време на викендот кога ќе се искачуваат до околу 8 степени, наутро ќе биде уште постудено кога минималната температура се очекува да се спушти до околу 0 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...