Стандардизацијата на цените во Европската Унија е уште еден "недостаток" со кој земјите кои немаат силни економии се соочуваат со членството кое е премногу дури и за Велика Британија

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 6:11

На Велика Британија и се заканува тужба од ЕУ поради евтини кинески производи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И тоа е реалноста на Европската Унија, стандардизацијата на цените е еден од шоковите со кои се соочуваат и економски моќни земји како Велика Британија.

Европската комисија ја предупреди Велика Британија дека има два месеца да отплати 2.7 милијарди евра, европски приходи, изгубени поради “немарноста” на британските царини пред напливот на евтини кинески производи на внатрешниот пазар на ЕУ.

Тоа е второ предупредување од Брисел до Лондон, а доколку нема решение за два месеца, Велика Британија може да се најде пред Европскиот суд за правда, посочи денеска Европската Комисија.

Европското тело за борба против корупција, ОЛАФ, утврдило дека британските власти “замижале” пред “масовен шверц” на “ултра евтини” кинески производи што на европскиот пазар влегле преку две британски пристаништа.

Станува збор пред се за текстилни производи и за обувки.

“Постојаната немарност” како што ја нарекува ОЛАФ на британските власти ја чинела Европската унија речиси две милијарди евра бидејќи не биле наплатени предвидените царини и давачки.

Велика Британија треба да исплати две милијарди евра директно во буџетот на ЕУ за да ја надомести штетата.

Одлуката е во време кога преговорите за напуштањето на Велика Британија на Европската Унија се во една од најтешките фази.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...