Претседателот на собраниската Комисија за ПИ мерките на сите безбедносни нивоа во државата, Емил Димитриев, побара повеќе финансии за ангажирање стручни соработници

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 12:21

На Комисијата за надзор на ПИ мерките и требаат финансии за професионализам

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Виталната собраниска Комисија која ја има апсолутната контрола врз посебните истражни мерки на сите безбедносни нивоа во државата, според нејзиниот претседател, мора да се професионализира.

Имено претседателот на собраниската комисија за надзор на примената на посебната истражна мерка од МВР, Финансовата полиција, Царинската управа и и министертвото за одбрана, Емил Димитриев, побара повеќе пари за успешна работа на ова работно тело.

Тој на денешната промоција на публикацијата „Насоки за надзор на разузнавањето“, рече дека има можност комисијата да ангажира двајца експерти за да се зголеми квалитетот на надзорот над инститиуциите, но и за да се зголеми довербата на граѓаните во безбедносниот систем.

Членовите на комисијата немаат доволно стручност за квалитетен надзор. Согласно новиот закон може да се ангажираат двајца експерти и мојата намера е во иднина токму тоа. Во зависност од одобрениот буџет екпертите може да се ангажираат ад хок времено или постојано. – рече Димитриев.

Тој се пожали дека кога ја презел работата со комисијата, наследил само два листа и целата работа претходно се сведувала само на пиење кафе.

Димитриев додаде и дека мора да се инвестира во систем независно од тоа која партија е во опозиција, а која е на власт, заради идните генерации, и дека е потребна соработка на страна од политиката, што се потврдило преку носењето на новите реформски закони и соработката со новоформиранта ОТА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.